Уживател на дроги крвнички ја претепал баба си поради пари
On:
Сподели со своите пријатели
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.С. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда при семејно насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 26.05.2017 година околу 09.30 часот во Куманово, пријавениот отишол во куќата на неговата баба М.И. (84) и и се заканил дека ќе ја убие ако не му даде пари, по што физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа и ја свиткал раката и и нанел тешка телесна повреда.
Пријавениот бил уживател на опојни дроги и подолг временски период ја малтретирал неговата баба.