„Инстаграм“ го преплавија видео снимки од „вонземјанска јога“, необични движења кои станаа вистински вирален феномен.
Станува збор за традиционални јога движња кои се нарекуваат наули, кои подразбираат целосно издишување, издвојување на абдоменот и вовлекување испод ребрата. Тоа движење наводно го подобрува варењето, но практикување на наули не е нешто што често се гледа.
https://www.instagram.com/p/BUSQEyDhXTJ/
На страницата nauli.org се наведува дека овие движења може да ги совлада лице кое е повозрасно и има искуство со јога. На некои часови по јога наули се наоли се наоѓа меѓу првите движења кои се учат.
За да научите наули потребно е да се совладаат четири движења. Се смета дека наули има низа предности меѓу кои поправено расположение, емоционална стабилност, рамнотежни хормони и држење на органите во форма.
Сепак, експертите истакнуваат дека движењата не би требало да ги правите без надзор од квалификуван јога инструктор, затоа што во случај на неправилно изведување може да предизвикаат дури и повреди.
https://www.instagram.com/p/BSb6nMkDLnY/

