Претставен најголемиот авион во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Авионот е дизајниран за лансирање ракети кои ќе носат сателити во вселената, поседува крилја со радиус од 117 метри, шест мотори кои ги користи „Боинг 747“ и дури 28 тркала.

Висок е 15,24 метри, има два трупа и може да понесе терет од 2256.796 килограми. Делот е на Пол Ален, коосновачот на „Мајкрософт“, а прв пат е тестиран на тлото во вселенската лука Мохаве во Калифорнија.

Директорот на проектот Џин Флојд изјавил дека авионот ќе влезе во комерцијална употреба во 2019 година.

Иако „Stratolaunch“, како го нарекуваат овој авион, има најголем радиус на крилја, не е најдолгиот авион во светт. Теретниот авион „Antonov An-225“ со шест мотори, кој првобитно бил дизајниран да ја носи советската вејзина на вселенскиот шатл, сепак е подолг. Должината на „Stratolaunch“ изнесува 72,5, додека на рускиот „Antonov“ 84 метри.

„Stratolaunch“ ќе полета од пистата во височини на кои летаат патничките авиони ќе ја лансира ракетата, а потоа ќе се врати на аеродромот.

https://www.facebook.com/Stratolaunch/videos/1347236185352867/