Трансродниот пар, Тристар Рис и Биф Каплов, конечно го очекуваат своето биолошко дете кое би требало да се роди во текот на летово, пишува „Дејли Мејл“.
Транс-таткото, Тристан за прв пат забременил минатата година, но само по шест недели имал спонтан абортус.
Парот бил скршен и сакале да почекаат една година пред да се обидат повторно, но не успеале, и во рок од половина година Тристан повторно забременил.
Кога закажале преглед на лекар, велат дека морале посебно да нагласат дека доаѓа транс-татко.
https://www.facebook.com/biffandi/videos/1174388985993648/

