Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, како и изолирана појава на ситен град, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб верер со променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 26 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево до умерено облачно време, додека во попладневните часови ќе се развијат услови за нестабилност со грмежи и врнежи, кои ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 29 степени целзиусови.
Во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.