Идната министерката за образование, Рената Дескоска денеска на прес конференција најави дека веќе утре на дневен ред пред пратениците ќе се најде предлог одлуката за укинување на законот за екстерно тесирање на учениците.
Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со којшто ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта за таа цел денеска е одблокирано Собранието. Видовте пред малку дека заврши конститутивната седница со избор на Комисија за избори и именувања беа утврдени, а денес ќе бидат и избрани комисиите којшто се надлежни за законите којшто се во областа на образованието. Затоа сакам да упатам порака до учениците и до нивните родители, дека оваа година екстерно тестирање нема да има – изјави Дескоска.
Loading...
Тестирањето треба да започне во понеделник, а петок е неработен ден, меѓутоа Дескоска вели дека ќе направат напори и доколку треба Собранието ќе работи и за викенд, но екстерното тестирање ќе биде укинато.
Доколку не биде донесен, во што јас не верувам, мислам дека веќе наоѓаме на разбирање во смисла што денеска видовме одблокирање на комисиите, формирање на комисии, има и резервни варијанти како да се реши проблемот. Но, јас апелирам до сите луѓе кои гласаат, сите пратеници во Собранието, да бидат конструктивни, бидејќи укинувањето на екстерното тестирање е во интерес на учениците. Видовме дека тоа е штетен проект кој не даде никави резултати и мислам дека е контрапродуктивно за било кој да опструира донесување на ваков закон во Собранието – додаде Дескоска.
Инаку во целата програма на СДСМ во предизборната кампања беше најавувано дека веднаш ќе се укине екстерното тестирање, но доцното формирање на Владата и нејзините тела, беше огромна пречка законот на време да биде укинат пред одржување на тестирањето.