Иван Стоиљковиќ од Куманово, пратеник од Демократската партија на Србите во Македонија најави тужба против Република Македонија, бидејќи службите за безбедност го прислушувале заедно со српскиот разузнавач и дипломат Горан Живаљевиќ и новинарот Мирослав Лазански.
Според изјавата која Стоиљковиќ ја има дадено за српското издание на агенцијата „Спутник“ како член на собраниската Комисија за одбрана и безбедност тој имал безбедносен сертификат и не можел судот да издаде наредба за посебни истражни мерки.
Ако прислушувате пратеник и го ставите на таканаречени ПИМ мерки, морате да имате одлука на судот, а за да добиете одлука на судот, мора да дадете образложение. Не знам и не сум свесен какво образложение би можело да биде за јас да бидам прислушуван кога имам безбедносен сертификат – вели Стоиљковиќ за „Спутник“.

