Собранието денеска ќе расправа за новата Влада

Сподели со своите пријатели

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржат втората седница од својот состав, каде единствена точка на дневен ред е изборот на новата Влада.

Откако СДСМ ја достави предлог листата за новиот владин состав, претседателот на Собранието, Талат Џафери седницата ја закажа за денеска во 11 часот. Според деловникот, мандатарот Зоран Заев треба да се обрати пред присутните пратеници, а потоа треба да започне распаравата.

Редоследот на говорите и седењето на пратениците вчера беше утврдена на координација кај Џафери, на која не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак за денеска најавуваат дека ќе бидат дел од седницата во Собранието.

Владата треба да биде избрана најдоцна до утревечер на полноќ, а за истото да се случи ќе треа да гласаат најмалку 61 пратеник.

Свои министри ќе имаат СДСМ, ДУУ и Алијансата за Албанците, а со оглед дека преговорите со БЕСА пропаднаа, тие заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сочинуваат опозицијата во законодавниот дом. Пратеници има и ДПА, но тие не влегоа во коалиција, ниту се изјаснија дека ќе бидат опозиција. Ги поддржуваат ставовите на СДСМ и ДУИ, но нема да бидат дел од нивниот коалициски состав.

 

Loading...