Поранешна полицајка си нацртала брада, па тргнала во кражба

Сподели со своите пријатели

Џенифер Реј МекКлери (36), поранешна полицајка, си нацртала брада, се преправила и ограбила банка во Данвил, Калифорнија, но набргу била разоткриена и приведена.

Наредникот Брајс Ејнџел рекол дека таа е отпуштена од полицијата на Лос Анџелес во 2010 година затоа што по 18 месеци работа во полициска станица не успеала да ги исполни бараните критериуми.

Уапсена е поради вооружен грабеж и киднапирање, но нејзината фотографија направи хаос на интернет

Полицајците рекле дека се доближила до шалтерот и на вработената и дала порака во која пишувало да ги предаде парите. Притоа не користела никакво оружје.

Иако се преправила и маскирала, полицијата во Данвил бргу и влегла во траг и ја привела.