Мандатарот и претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев вчеравечер ги промовираше имињаа на кандитатите за министри во новиот владин состав каде се 17 имиња од СДСМ, меѓу кои и на Оливер Спасовски од Куманово кој треба повторно да застане на чело на Министерството за внатрешни работи.
Иако долго се шпекулираше дека пратеникот Максим Димитриевски ќе стане новиот министер за одбрана, сепак столчето таму ќе го заземе Радмила Шекеринска.
Министер за надворешни работи ќе биде Никола Димитров,
Министер за труд и социјална политика ќе биде Мила Царовска,
Министер за финансии ќе биде Драган Тевдовски,
Министер за образование и наука ќе биде Рената Дескоска,
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупчо Николовски,
Министер за транспорт и врски ќе биде Горан Сугарески,
Министер за култура ќе биде Роберт Алаѓозовски,
Министер за информатичко општество и администрација ќе биде Дамјан Манчевски.
На листата се и седум министри без ресор:
Министер без ресор, Кочо Анѓушев,
Министер без ресор, Роберт Поповски,
Министер без ресор, Едмонд Адеми,
Министер без ресор, Аднан Ќахил,
Министер без ресор, Самка Ибраимовски,
Министер без ресор, Зорица Апостоловска,
Министер без ресор, Зоран Шапуриќ.
Овој предлог состав 15 минути пред полноќ беше доставен до Собранието кое треба да ја изгласа новата Влада на седницата која претседателот Талат Џафери ја закажа веќе за вторник.