Претставувањето трае само неколку секунди, а тоа е доволно за прв впечаток. Најважно е, ако сакате да се допаднете некому, да бидете отворени, без предрасуди и заблуди.
Николас Бутман, писател на книгата „Како да им се допаднете на луѓето за 90 секунди?“ открива што влијае на првиот впечаток, а ова се неговите најделотворни совети.
Бидете отворени
Ако сакате да оставите добар впечаток многу е важно во секоја комуникација да влегувате со отворено срце и став. Не држете ги рацете прекрстени пред градите или на стомакот.
Бидете позитивни кон новите луѓе
При поздравување или претставување вашиот нека биде позитивен, насмевнете се на соговорникот и остварете контакт со очите.
Ракување
Ракувајте се цврсто. Кога некој ќе ви се претстави повторете го неговот име и бидете опуштени.

