Девојче останало парализирано по убод од крлеж

Сподели со своите пријатели

Ланц и Аманда Луис од Орегон се загрижиле за својата тригодишна ќерка, на која една вечер одеднаш и се слошило.

Родителите испаничени ја одвеле на лекар следното утро, но таа веќе не можела да стои самостојно.

Ланц за CNN раскажал дека тој како дете боледувал од редок облик на канцер на мозокот и дека симптимите кои се јавиле кај неговата ќерка биле слични.

Ова ќе ве спаси од болката ако ве касне оса, пчела или стршлен

Меѓутоа, откриле дека нејзината делумна парализираност не била последица од тумор, туку од каснување од крлеж.

Состојбата под назив „крлеж парализа“ може да биде фатална.

Лекарот во Ургентниот центар открил дека се работи за кучешки крлеж на главата на девојчето и го отстранил, а таа се опоравила веќе утредента.