Дамјановски: Нема нанесена штета на буџетот со зимското одржување на улиците

Сподели со своите пријатели

Првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска ги негираше вчерашните кривични пријави кои СВР Куманово ги поднесе против две градежни компании и неколку вработени во општината поради сомневања дека сториле неколку кривични дела при тендерот за зимско одржување на улиците низ градот.

Документацијата спроед Дамјановски била земена уште во јануари од полициски инспектор, а воедно тврди дека локалната самоуправа нема направено никаква грешка, ниту пак биле исплатени пари за зимско одржување на улиците, затоа што се покажал одреден сомнеж со што целиот случај уште пред два месеци градоначалникот побарал да го истражат судски вештаци.

Оние небулози кои се наведени таму за мене како основа за локалната самоуправа, изведувачите своите документи ќе си ги барнат пред обвинителот евентуално пред судска постапка, нашата комисија смета дека она што било пропишано и изјавите дадени кај нотар за анс биле валидни и на некој начин за тоа сме направиле избор на изведувачи на северна и јужна зона. Она сума за која се зборува ни приближно не е иста, бидејќи ситуацијата з аоваа година е околу осум милиони, 130.000 евра отприлика до 9 милиони максимум со ДДВ. Ниту сме ги примиле ситуациите, ниту см ги книжиле, ниту има исплатено нешто, нема направено оштетување на буџет, а за веродостојност на документацијата изведувачот како што е наведено од пријавата на инспекторот ќе се докажува пред обвинителството и евентуално ако има судска постапка. Она што сакаат да нанесат љага на работата на општината мислам дека е стандардна работа на овие луѓе кои 10 години ја тероризира оваа власт и направија илјадници коруптивни афери се со цел на го замајат народот па отвараат некакви процеси. Јас одговорно тврдам за општина Куманово дека нема оштета на Буџет дека нема ништо книжено, а за документацијата релевантни фактори ќе се произнесат за тоа, мислам дека вештачењето е основниот критериум по кој треба да се водиме – додава Дамјановски.

Во пријавата се наведува дека од 5ти до 10ти јануари градежните фирми не биле на терен да ги чистат улиците, меѓутоа Дамјановски негира и тврди дека лично бил со нив на терен и за време на празниците.

Јас со мојата екипа бев континуирано присутен на улицит еи на Бадник и на Божик и деновите потоа и бев шеф на кризиниот штаб во тој момент да се справуваме со кризата. Јас знам колку се напори вложија, колку механизација беше и заседаваше комисијата на кризниот штаб која донесе одлука да се дополнат уште машини од јавните претпријатија и од други фирми кои имаат оператива така да она што е наведено ниту приближно не е точно. Сега дали тие документи за кои зборуваат се веродостојни или не нека утврдат органите на прогонот, меѓутоа ова небулоза тој самиот инспектор за кој шеста пријава на општината и не излегува од нашите канцеларии и мислам дека тенденциозно и диригирано работи по инструкции на досегашниот началник на МВР, господинот Јакимовски. Ова што го прават е последниот крик на ранетиот лав, ранетиот волк, животно нека докаже судската псотапка – додава Дамјановски.

Инаку СВР Куманово вчера поднесе кривична пријава против вработени во општината и градежните фирми дека наводно употребувале документи со лажна содржина, но и дека биле направени нерегуларности во самата тендерска постапка.