Припадници на Ал Каед се обиделе да регрутираат следбеници во Јемен користејќи тестови со низа прашања за екстримистичкото толкување на исламот, а како главна награда ја нудат пушката „калашников“.
Милитанти организирале натпреварување за сите оние кои сакаат да се придружат на Ал Каеда. Направени биле и тестови, кои заинтересираните можеле да ги преземат од милитантите пред џамиите или просториите на Ал Каеда во Јемен, пренесуваат локалните медиуми.
Во тестовите може да се пронајдат прашања како што се: „Наведете три извори кои тврдат дека било која личност не го почитува законот на исламот и која треба да се убие“, или „Наведете три членови на Уставот на Јемен кои се противат на исламскиот закон“.
Главната награда била „калашников“, втората мотоцикл, а третата лап топ. Меѓу останатите награди имало и пиштол, како и парични награди од 20.000 јеменски ријали или 80 долари.

