Португалија е победник на Евровизија 2017

Сподели со своите пријатели

Претставникот на Португалија Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ е победник на Изборот за песна на Евровизија која оваа година се одржа во Киев, Украина.

Со 382 бодови од националните жири комисии првото место припадна на Португалија, 278 на Бугарија, а 218 поени освои Шведска.

Според гласовите на гледачите 255 поени доби Белгија, трето место припадна на Молдавија, второто за Бугарија, а првото за Португалија.

Гласовите на жири комисиите носат 50% од вкупниот број гласови, додека останатиот дел е според гласовите на гледачите. Со спојување на гласовите победник е Португалија, второто место припадна Бугарија.

Loading...