Loading...
Икањето е неконтролирано грчење на дијафрагмата и знае да биде доста напорно. Освен што е непријатно, тоа кај некои луѓе може да предизвика мачнина и повраќање. Задржувањето на здивот, голтањето вода итн. се само некои од методите кои понекогаш делуваат, но најчесто не.
Пости метода со која икањето ќе го спречите бргу само со притискање на одреден делод телото. Можете да изберете измеѓу четири локации.
Измеѓу носот и усните. Пронајдете го средиштето измѓу горните усни и носот. Кај некои луѓе тоа повеќе е изразено, кај некои помалку, но секој може да го пронајте. Притиснете и туркајте во смерот на забите и тоа нека трае 20 до 30 секунди.
Под градната коска. Пронајдете ја градната коска, таа е долга и ги спојува ребрата. Откако ќе ја пронајдете следете со прстите кон долу додека не го пронајдете нејзиниот крај. Допрете под тој завршеток, а притисокот нека биде во правец на грбот. Внимавајте притисокот да не биде премногу силен затоа што коската е нежна. Држете 20 до 30 секунди.
Измеѓу папокот и срамната коска. Следете ја со прстите линијата измеѓу папокот и срамната коска, по средина на стомакот. Точката на притискање се наоѓа во средината на таа линија. Допрете ја точката прстите и држете 20 до 30 секунди.
На подлактицата. Стиснете ја дланката и ќе видите две истакнати тетиви на внатрешната страна на подлактицата. На раката близу зглобот ќе се појави вдлабнување, а точката на притискање отприлика е на две широчини лево кон лактот, измеѓу двете тетиви. Притиснете и држете исто така 20 до 30 секунди.