Уапсена е поради вооружен грабеж и киднапирање, но нејзината фотографија направи хаос на интернет

Сподели со своите пријатели

Морган Џојс Варн (24) е приведена во Јужна Каролина проади вооружен грабеж и киднапирање, но нејзината фотографија од полиција ги преплави социјалните мрежи, пишува „The Sun“.

Луѓето на социјалните мрежи се престрашени и ја обвинуваат жената дека е опседната од демон, ја нарекуваат опседната и се згрозени од нејзиниот приказ на фотографијата. Не ги вознемириле нејзините необични тетоважи по лицето и вратот, дури ниту натписот над веѓите , туку фактот дека нејзините белки на окото се целосно црни.

Фотографијат аод 24-годишната Морган е објавена на Фејсбук профилот на канцеларијата на шерифот во Јужна Каролина. Корисниците на социјалните мрежи се вознемирени што Морган дозволила некому да и стави игла во око за да го обои во црно.

Коментарите се редат: „Тоа е демонски, опседната е“, „Изгледа како да е целосно луда“, „Има поглед како да го мрази целиот свет“.

„Фокс њуз“ објавиле на својата страница: „Фотографија од полиција која ќе ве прогони“, додека еден од корисниците напишал дека изгледа како да ги јаде своите партнери по сексуален однос.

Од канцеларијата на шеригот објавиле дека Морган моментално е во притвор со Џонатан Мајкл Робинсон (23) затоа што наводно на човек му го украле мобилниот телефон, по што тој повикал полиција. Кога полицијата пристигнала, парот одбил да дојде со нев и започнал да им упатува закани со оружје, поради што морале да интервенираат и специјалците.

Морган не е прв пат тема на полицијата. Имено, во 2015 година полицаецот и помогнал при породување пред да стигне во болница. Денес е мајка на двегодишно девојче Нела.

https://youtu.be/aPQbauGn9ik

Loading...