Жител на Боговиње приведен на Табановце баран за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Вчера во 14.35 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Г.И. (42) од село Новаќе-општина Боговиње, евидира на СТОП-Листа поради издржување казна затвор во траење од три месеци и 10 дена за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот бил лишен од слобода и во 16.30 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

Loading...