Џорџ Госон и Лори Герц имаа чувство како да израснале заедно, иако нивната средба се случиле по цели 43 години допишување.
Џорџ Госон (56) од Лонг Ајленд се упатил во Сан Диего во домот на Лори Герц (54) со која само се допишувал веќе над четири децении, а воопшто не ја познавал, за да се запознаат.
Ова е втор пат како се виделе, а првата средба била во почетокот на април кога таа го одвела својот син во Њујорк да го посети Хофстра Универзитетот. Се сретнале во локален хотел и двајцата се расплакале.
Имале само 12, односно 14 години кога започнале да се допишуваат и тоа преку лаец на писма.
Мислам дека требаше секој да напише шест писма и да добива назад стотици. Јас добивав назад само едно – рекла Лори.
Од тогаш еден на друг праќале по едно писмо месечно. Кога дошол во посета, Џорџ и го покажал првото писмо кое му го напишала.
Лори, мајка на две деца, ги сочувала сите писма кои ги добила од Џорџ и тие се ризница на посебни моменти и хронологија на минатото време. Џорџ мислел дека нема да и се допадне, а за време на посетата го запознал и нејзиниот маж.
Тој е како одамна изгубен член на семејството – така мажот на Лори го опишува Џорџ.

