Рано утринава околу 04.30 часот на бензиска пумпа во селото Проевце, кумановско, четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво над двајцата вработени.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сторителите со закана со пиштол им ги одзеле торбите со парите од дневниот промет, со засега неутврдена сума пари, а потоа ги затвориле во тоалетот. На излегување од објектот одзеле и неколку штеки цигари, по што со патничко моторно возило непозната марка побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.