Учениците од драмската група при СОУ „Перо Наков“ вчеравечер во кумановскиот театар премиерно ја изведоа претставата „ДР“ по текстот на Бранислав Нушиќ.

Комедијата која ги содржи вонвременските атрибути на комичност и дејство ги насмеа сите присутни во салата, која беше исполнета до последното место.
Во претставата се работи за доктор кој е пратен да студира во странство, тоа е всушност друг лик, но ќе се разјасни на крај. Се надеваме на две успешни претстави во почетокот, па за третата ќе видиме, јас го играм ликот на вујко Благоја – изјави Димитар Петрушевски, ученик во СОУ „Перо Наков“.
Во претставата учествувавме 14 ученици со помош на двајца ментори, професорката Александра Ѓорѓиевска и професорот Сашо Тодоровски. Претставата ја спремавме три месеци, се надеваме дека ќе биде успешна. Голема благодарност до Фото кино клуб „Козјак“ и Кети Дончевска Илиќ – изјави Милена Стојановска, ученичка во СОУ „Перо Наков“.
Јас ја играв улогата Милорад Цвијовиќ, успешно се подготвувавме три месеци и ги повикувам сите и вечерва да ја проследат репризата од претставата – изјави Мартин Павловски, ученик во СОУ „Перо Наков“.

Во претставата играат и: Николај Павловски, Стефан Павличек, Викторија Ивановска, Катерина Стојмановска, Кристина Петрушевска, Гоце Хаџиски, Теодора Стојковска, Јована Димитриевска, Сара Спасовска Ивона Лазаревска и Игор Стојчиќ .

Сите љубители на добриот хумор кои ја пропуштија премиерата можат да ја проследат вечерашната реприза со почеток во 20 часот во Театар Куманово.



