Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за продолжување на мандатот на градоначалниците
On:
Сподели со своите пријатели
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста за продолжување на мандатот на градоначалниците, а која ја поднесоа Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес.
Одлуката на судиите е едногласна, дека Уставниот суд не е надлежен да одлучува за правните ситуации кои не постојат, затоа што според судијата известител Елена Гошева, тоа е надлежност исклуливо на законодавецот, односно на Собранието на Република Македонија.
Според суудите неспорно е дека постои правна празнина во законот, со оглед дека нема предвидени механизми што да се прави во услови кога локалните избори не се одржат во законските рокови.
Заедницата на единици на локалната самоуправа – ЗЕЛС вчера апелираа Парламентот итно најдоцна до петок да изнајде решение за мандатите на градоначалниците и советите на општини.
Мандатот на локалните самоуправи истекува на 15ти мај, а како ќе функционира државата во ситуација кога нема Влада, градоначалници и советници останува енигма.