Некогаш познатиот тркачки коњ Метро Метеор, кој освоил осум трки, станал уметник кој успеал да продолжи со својот живот со продажба на уметнички слики, пренесува Индепендент.
Метро го повредил коленото во една трка поради што животот му бил загрозен. Во 2009 година го усвоил Рон Крајевски.
Рон е уметник од Пенсилванија, кој во ниту еден момент не се откажал од својот Метеор. Човекот забележал дека неговиот миленик често ја движи главата како да сака да добие внимание, а исто така постојано нешто подигал со устата. Рон дошол на идеја да го научи Метеор како со заби да држи четка.
Набргу го научил со носот да го допре уметничкото платно, за да добие подарок, а потоа истото го научиле и со четката.
Со време настанувале вистински уметнички дела, а ги продавале во илјадници примероци.
Неговите движења со четката се нешто што ниту еден човек не може да го направи, тој не размислува однапред за она што ќе го нарпави. Неговите движења се случајни, дебели, нерамномерни, што всушност допринесува сите бои да дојдат до израз. Се тоа изгледа како бибрација на платно – вели Крајевски.
Со помош на својот ментор, метеор можел во исто време да црта четири слики. неговите дела се продаваат по цена од 500 долари, а сите пари помогнале да платат за нови експериментални третмани за неговото колено.
Неговиот ветеринар дошол до начин како лекот директно да го вбризгува во коленото. Наодите покажале подобрување на состојбата и дефинитивно продолжување на неговиот живот.
Loading...