Убиен градоначалникот на Општина Боговиње

Сподели со своите пријатели

Хазби Идризи, градоначалник на Општина Боговиње бил убиен со шест куршуми од страна на неговиот поранешен пријател А. Ќ. (1964).

Како што информираат од МВР, во тетовската болница само била констатирана смртта на градоначалникот.

Убиецот по настанот се обидел да изврши и самоубиство при што си испукал еден куршум во пределот на десната слепоочница при што како итен случај бил рпенесен во скопскиот Ургентен центар. Неколку часа лекарите се бореле за нековиот живот по што и тој подлегнал на повредите.