Минатиот месец 42-годишната Ли Бродвеј преминала изненадно откако неколку пати на сопругот се пожалила на мигрени. Таа всушност имала анеуризма или излив на крв во мозокот.
Ли како млада често имала напади на мигрена и знаела дека овој пат било нешто друго, нешто многу посериозно. Два дена подоцна починала од последици на мозочна анеуризма.
Поради тоа битно е да се разликува мигрена од болка, која настанува при анеуризма.
Силна, заслепувачка и изненадна недефинирана болка која се со времето се влошува, а претходно не сте ја почувствувале – тоа се симптоми според др. Рина Хаурад, провесор по неврохирургија на Универзитетот во Њујорк.
Пациентот може да почувствува мачнина, повраќање, кочење на вратот и промени на свеста, од блага поспаност па се до кома. Со оглед дека пукањето на анеуризмата на мозокот може да доведе до смрт во дури 40% од случаите, клучна е итната реакција како на заболените, така и на лекарите – вели Хуард.
Анеуризмисте претставуваат проширен крвен сад кој настанал како последица на ослободување на ѕидот на крвните садови при појачан удар на крвната струја во дел од артерискиот ѕид.
Може да биде непукната анеуризма и тогаш е проследена со главоболка, додека во случаи на пукање доведува до крварење во черепот, кое може да има фатални последици.
Ако редовно имате мигрени, обидете се некако да се изборите со неа, било да се тоа лекови или мирување и одмарајте ги очите. Ако овие методи не помогнат тогаш повикајте лекар.
Не се знае точно зошто доаѓа до анеуризма, но познато е дека е наследна и е поврзана со пушење и висок крвен притисок.