Во оваа село живееле само 300 луѓе и тонело во пропаст, но тогаш пристигнале бегалците (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Пред три години селото Сант Алесијо во Италија имало само 300 жители, а неговата економија била на работ на колапс. Но, проектот со бегалците ја променил тешката ситуација, пренесува „Ал Џазира“.

Нашата мисија е од хуманитарен карактер, а тоа е она што е најважно. Луѓето кои бараат азил кај нас позитивно влијаеа на оваа место. Тоа оживеа и има многу повеќе луѓе во центарот – вели Стефано Калабро, градоначалник на Сант Алесиј.

Loading...

 

Во 2013 година ова село се приклучило на програмот за прием на мигранти, а за тоа биле издвоени околу 45 евра дневно по лице. Обезбедено им е сместување и други потребни активности.

Домаќините направиле се да помогнат на дојдените повторно да застанат на свои нозе. Учат италијански јазик, имаат правна заштита, медицинска помош, обука за работа и социјална активност.

Ова место набргу станало куќа далеку од дома за многу баратели на азил, кои со месеци живееле во привремени пренатрупани кампови.

Кога бев во Минео кампот, постојано размислував, дури и како да дојдам до храна и лекови. Овде ако нешто ми треба секогаш е близу, па дури и лекарот – вели избеглица од Гана.

Локалното население со задоволство ги прифатило гостите. Многу од нив имале и свои искуства со мигранцијата, па разбираат низ што овие луѓе минале.

Се однесуваат добро и доби се кон нас. Ако ни треба помош околу обработка на земја ги повикуваме нив и тие ни помагаат, а ние секако за тоа плаќаме. На тој начин тие се чувствуваат корисно – вели Антонио Сака, жител на Сент Алесиј.

Овој проект доживеал вистински успех, така да уште етири села во близина сакаат да го следат овој пример.

https://www.facebook.com/aljazeera/videos/10155436250713690/