Со положување свежо цвеќе Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска одбележа 114 години од смртта на својот патрон, како и 72 години од постоењето на училиштето.

Пред бистата на најголемиот македонски револуционерен деец свежо цвеќе положија првите луѓе на гимназијата, градоначалникот, претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани, Општина Куманово и Советот, политичките партии и ученици.
Денеска е ден кога се навршуваат 114 години од смртта на нашиот револуционер и идеолог и учител Гоце Делчев и 72 години од постоењето на нашето училиште. Беше чест и задоволство да се биде овде на овој настан, прекрасна приредба подготвија учениците и имавме прекрасни гости. Во чест на патрониот празник имаме гости од Русија на наше големо задоволство – изјави Соња Тодоровска, директор на Гимназијата „Гоце Делчев“.
За ликот и делото на својот патрон зборуваа и учениците на гимназијата, а симболично пуштија два бели гулаби кон небото со порака за мир.
Денеска е убав ден, ден на гимназијата, 4ти мај е ден на Гимназија по повод смртта на нашиот деец Гоце Делчев, исто така морам да напоменам дека тоа е исто ден на Јосип Броз Тито, некои го почитуваат, некои го кудат, меѓутоа тој е историска личност, кој на некој начин даде слобода на овие простори, така да денеска е една церемонијална претстава, директорката Соња Тодоровска, нејзин прв настап како в.д. директор – изјави градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.
Дел од манифестацијата беа и политичките партии, меѓу кои и членови од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Како и секоја година, веќе 25 години ВМРО-ДПМНЕ положува цвеќе и во февруари на роденденот на Гоце Делчев и на 4ти мај како ден кога загинал Гоце Делчев. Сме присуствувале на многу положувања на свежо цвеќе, за жал на повеќето од тие положувања сме биле единствени, дури последниве години започнаа да ни се приклучуваат и други почитувачи на Гоце Делчев – изјави Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Куманово.
Инаку гимназијата е најдоброто училиште во градот, а турдот учениците постојано го покажуваат на многу натпревари како на локално, така и на државно ниво.