Студент направил градник кој открива рак на дојка (видео)

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишниот студент од Мексико дизајнирал градник кој помага во рано откривање на ракот на дојка. Благодарение на ова откритие освоил и награда за претприемништво и иновативност.

Џулијан Риос Канту зијавил дека бил инспириран со битката на неговата мајка со ракот, поради кој и ги отстраниле двете дојки.

Градникот наречен ЕВА го развил со уште тројца другари преку неговата кампања на Хигиј технологија и превенствено е креиран за жени со генетски предиспозиции за рак.

Опремен со 200 биосензори, градникот ја мапира површината на дојката и ги следи промените на температурата, обликот и тежината.

Откако победил 13 студенти претприемачи од целиот свет, Рисо Кант освоил награда во износ од 20.000 долари.

https://youtu.be/x-p9pQcICDk

Loading...