Братучеди се избоделе во Ропаљце, две лица неконтактибилни
On:
Сподели со своите пријатели
На 02.05.2017 година околу 20.00 часот во село Ропаљце, општина Липково, при семејна расправија, Л.О.(19) и неговиот 17-годишен брат им нанеле убодни рани на нивните братучеди, нa браќата Х.О.(31) и Х.О.(29), информираат од Министерството за внатрешни работи.
Истите се неконтактибилни и по укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово биле префрлени во Клинички центар Скопје. Двајцата напаѓачи биле обезбедени. СВР Куманово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.