Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува употреба на пцовки, броеви, интерпункицски знаци, како и имиња на провесии при давањето имиња на децата.
Покрај тоа, законот ќе уредува и како детето ќе се презива, одосно дали според договорот на родителите ќе го носи презимето на таткото или мајката, или и едното и другото со споена цртичка, пренесува „Спутник“.
Медиумите во Русија наведуваат дека пред овој закон не постоеле никакви ограничувања при давањето имиња на деца, а државните институции имале обврска во регистарот да го впишат името кое родителите ќе се согласат да му го дадат на детето, како и да гласи тоа.
Инаку причината поради која овој закон воопшто е донесен бил случајот со едно дете кое родителите сакале да го наречат Бочипвф – Биолошки обект на човекот од семејството Ворн. Имено, детето се родитело на 26 јануари во 2002 година, а поради спорот кој се води околу името документите и ден денес не се издадени за детето.
Најмногу чудни имиња на децата им давале граѓаните од руската престолнина, меѓу кои: Николај-Никита-нил, Христамрирадос, Делфин, Април, Принцеза Даниела, Океана, Софрија-Сонце итн.
Loading...