Две локации од градот утре без струја

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден во период од 08:30 до 15:00 часот во делови од Куманово ќе се извршат планирани прекини на електричната енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за улиците „Јане Сандански“ и „Борис Кидрич“, поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија.