Земјоделците од кумановско утре на протест пред Министерството (видео)

Сподели со своите пријатели

Земјоделците од Куманово, Липково и Старо Нагоричане утре во 12 часот ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради како што велат неисплатените субвцении.

Како што вели Саша Арсиќ од здружението „Спас“ додека тие произведуваат храна, државата им продава магла и дека затоа се одлучиле утре да го кренат гласот.

Подолг временски период ни ветуваат субвенции но тие никако да бидат исплатени. Избори, директорката на платежна агенција дава оставка, вториот директор неколку дена не се појавува на работа, 6-от ден доаѓа си дава оставка, третиот директор доаѓа немал положено испит по англиски јазик па кога го положи тој испит ги потпиша налозите вети дека ќе бидат исплатени субвенции но потоа дојде друг проблем, министерот за финансии не бил во државата и се е сеење на магла и ветер кон нас. Од 2006 година наваму се случија повеќе изборни циклуси до 2014 година сувенциите се исплаќаа не би рекол навремено но секогаш се темпира намерно пред избори, сега од 2014 година наваму не се исплаќаат субвенции што наша процена е дека нема пари за исплата па затоа ни велат ова е она е и го губиме трпението го креваме својот глас и ги повикуваме сите земјоделци да активно да излезат утре на протест – изјави Арсиќ.

Loading...

 

Освен земјоделците од кумановско, на протестот пред министерството утре ќе излезат и замојделците од Кочани, Кавадарци, Струмица, Битола и уште неколку други градови.

Документите за субвенциите за есенската сеидба исто така не се поднесуваат што во претходни периоди се поднесуваа тие документи сега нема ништо од тоа огласите за ИПАРД фондовите не е објавен ниту еден оглас инситуциите се блокирани ние бараме да се направи деблокада на инситуциите за да може и ние земјоделците да функционираме бидејќи државата од нас си ги бара потребните обврски да си ги завршиме и навреме да си ги исплатиме бензинските пумпи, земојоделските аптеки не можат да не чекаат со месеци, да ги платиме репроматеријалите што ги имаме земено. На ниво на нашиот кумановски регион некаде околу 9.000 земјоделски стопанства има регистирано добар дел од нив немаат земено субвениции 2014 и 2015 за 2016 и да не зборуваме – додава Арсиќ.

На протестот ќе се приклучат и од здружението „Агрокултура“ од Липково, бедејќи како што велат сакаат институциите конечно да функционираат и тие да ги добијат парите за субвенции.

Исто и ние се приклучуваме кон ова да не се повторуваме како здружение што функционира на општина Липково се приклучуваме кон ова. Гледаме што се случува секој ден, сакаме да функционираат инситуциите. Ова го кажуваме бидејќи со министерот нонстоп сме во контакт заради проблемите со субвенциите како што наидува пролетната сеидба системот за наводнување не функционира знаеме каде и да се обратиме дека нема ни парламент ни влада ништо не функцинира па затоа го правиме ова да се освестиме сите – изјави Менду Нухиа од здружението агрокултура од Липково.

 

Бројката на оние кои се занимаваат со земјоделство и сточарство во липковско е во постојано опаѓање, а како што истакна Нухиа тоа се должи на неисплатените субвенции од државата.