Момче кое доживеало сообраќајна несреќа и завршило во болница, веројатно мислело дека денот не може да му тргне полошо. Меѓутоа во болницата се нашол во малку непријатна ситуација.
Во посета му дошле и девојката и љубовницата, кои направиле карамбол во болничката соба, а снимката многу бргу заврши и на социјалните мрежи. Девојката во црна маица која седи на креветот наводно е девојка на повредениот. Другата девојка во бела маица вели дека се јавила и прашала дали може да дојде.
Меидицинскиот персонал ситуацијата најпрвин ја набљудувале со чудење, а потоа некој од нив се заканил дека ќе повика обезбедување, а потоа се вмеша и една жена која девојката во бела маица ја извлече од собата.
Додека тие се караа, состојбата на момчето очигледно се влоши, а медицинската сестра викајќи рече дека срцето започнало да му чука премногу брзо.
U bolničku posjetu mu došli djevojka i… by dekaavram

