Промената на времето и студениот воздушен бран кој се очекува да ја зафати нашата територија од северо-исток во текот на утрешниот ден (четврток) ќе допринеси за драстичен пад на температурите на воздухот особено утринските во деновите од петок до понеделник кога на одделни места се очекуваат да бидат и негативни, особено во северо-источните, источните и северо-западните делови од Републиката каде истите може да се спуштат и до -4 оС , информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Вакви температури во овој период од развојот на земјоделските култури можат да имаат катастрофални последици врз културите и врз приносите, заради што препорачуваме да се направат и преземат сите мерки за заштита на културите заради нивната многу голема осетливост на негативни температури каде и -0,5 оС можат да предизвикаат штети кај овошките кои веќе имаат формирано плод, или кај овошките и виновата лоза кои во овој момент се во ниски фази на развој како што се почеток на вегетација и појава на првите листови и цветови – вели Ангелко Ангелески, советник за агрометеорологија при УХМР.

