Веројатно најстарата личност во светот, Италијанката Ема Морено, последна позната жена родена во 19 век починала во сабота во 117 година од животот.
Ема Морено починала во својот дом во Вербанија, на северот на земјата. Родена е на 29 ноември 1899 година, четири години пред браќата Рајт прв пат да полетаат. Живеела три века, доживеала две светски војни и над 90 различни италијански влади.
Првата љубов ја изгубила во виорот на Првата светска војна, а пред почетокот на Втората светска војна побегнала од насилниот сопруг. Работела до 75та година од животот во фабрика за вреќи.
Самостојна била се до својата 115 година, иако последние 20 години не зилегувала од малиот двособен стан. Во 2015 година не го напуштила креветот и и била потребна постојана помош од негователка.
По совет на екарите кој го добила кога имала 20 години, секој ден јадела по три јајца, две сирови и едно варено, со мало парче месо и многу малку овошје и зеленчук.
Најстарата личност на светот сега е Вајолет Браун од Јамајка, родена на 10 март 1900 година според податоците на американската иСтражувачка група за геронтологија.
Loading...