Четиригодишно девојче загина во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Вчера во 13.30 часот во Скопје, на ул. „Цветан Димов“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Б. Б. (62) од  Скопје удрил во пешак – четиригодишно девојче од  селото Моране. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21.30 часот истата починала, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата Б.Б. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Истиот е задржан во Полициската станица Бит Пазар, а во текот на денот ќе биде изведен пред надлежен судија.

Во врска со настанот еден полициски службеник се здобил со повреди. Истиот, при преземање службени дејствија, односно при обид да спречи лица да го нарушат Јавниот ред и мир се лизнал и се самоповредил, при што бил префрлен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.