82-годишна баба дење води ресторан, а ноќе е диџеј во ноќен клуб (видео)

Сподели со своите пријатели

Сумико Ивамуро има 82 години, а веќе 60 години води еден кинески ресторан, но и работи како диџеј по клубовите во Токио.

Имено, оваа баба по прекар Сумирок дење е во ресторанот, а ноќе станува вистинска ѕвезда во клубовите. Таа е одличен пример за активен живот и во третата доба од животот. Ивамуро ги забавува момчињата и девојчињата кои се 60 години помлади од неа. Ивамуро својат амузика ја опишува како техно со примеси на џез, француска шансона и класичната музика.

Секогаш упорна, се надева дека еден ден ќе дебитири на клубската сцена во Њујорк.

 

Loading...