Вчеравечер околу 23.00 часот во Прилеп на ул.„Борка Медаро“, во куќата на К.М. (79), нејзиниот внук М.М. (30) влегол во нејзината спална соба и со перница се обидел да ја задуши. Истата се разбудила, почнала да дава отпор и успеала за момент да го оттргне од себе. Потоа М.М. извадил метален боксирач и неколку пати ја удрил во пределот на главата, по што истата починала, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По еден час од настанот М.М. сам се пријавил во Полициска станица Прилеп. Смрт е констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. М.М. е задржан во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.