До петок ќе се задржи претежно сончево и топло време, а услови за краткотраен дожд ќе има попладне само во планинските региони, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во ноќните часови врнежите се очекува да престанат.
Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја во недела почнувајќи од пладне па се до ноќните часови кон понеделник и ќе биде проследен со локален пороен дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Од недела навечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер.
Во понеделник и во вторник ќе настапи стабилизирање и разведрување на времето, а од среда се очекува нов влажен и постуден бран од северозапад, од кој се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.