Наташа Екслби, водителка од австралискиот телевизиски канал ABC стана хит на интернет поради нејзината симпатична реакција пред камерите откако кадарот две секунди порано се врати на неа и ја фати неподготвена и занесена.
По настанот, засрамената водителка неколку дена не се појавува во етер, коментира „Индепендент“, додавајќи дека, за среќа, таа нема да биде отпуштена од работа.
– Емитувањето во живо во принцип е доста сложено и грешките се неизбежни. Нашите водители се луѓе, а не роботи. Ние се однесуваме сериозно кон стандардите на она што оди во живо, но не очекуваме потполно совршенство. Нема да казнуваме никого за грешка, па тоа нема да и се случи ни на Наташа, изјави директорот на информативната програма на ABC, Гевин Морис.
Loading...