На 23 април планинарското друштво Куманово по трет пат ја организира планинарската акција именувана како „Пирамида и Три манастира“.
Според предвидениот редослед акцијата започнува во селото Градиште, лоцирано на патот Куманово – Свети Николе, со старт пред манастирот „Свети Ѓорѓи“ изграден во XIX-от век, а лоциран под самиот врв на Градишки рид на 800 метри н.в. Патеката продолжува низ шума до манастирот „Света Петка“ во селото Габреш, каде е предвидена првата поголема пауза. Од тука трасата се искачува на врвот Острвица од каде се пружа спектакуларен поглед врз пошироката кумановска околија. Од врвот патеката се спушта пак покрај блокот ораници и низ шума оди до селото Скачковце, до манастирот „Света Троица“ како крајна точка на акцијата – изјави Стефан Илиевски од Планинарско друштво Куманово.

