Јусеф во хемискиот напад што во вторникот се случи во сирискиот северен град Кан Шеикун ги загуби своите две деца близнаци кои беа на возраст од 9 месеци, сопругата и внукот, при што загинаа најмалку 72 лица.
Потресната фотографија ја направил неговиот братучед кој го фотографирал како се збогува со беживотните тела на близнаците.
Кога се случи воздушниот напад ги изведов од куќата заедно со мајка им,тие на почетокот беа свесни, но по 10 минути почна да се чувствува мирис. Ги одведов на лекар, мислев дека ќе бидат добро. Кога се вратив да видам што се случува со останатите од семејството ги пронајдов мртви двајцата браќа, двајца братучеди и внукот. Не можев да ги спасам, вели тој.
Loading...
По трагичниот напад Јусеф допатува преку границата со Турција за да се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган.
Тој ни вети дека нема да има разговори на ниво на безбедност, а со претседателот Трамп ќе се обидат да преземат чекори против Асад и ќе се обидат да спречат убиства и насилство во Сирија.
Јусеф вели дека планира да се врати во неговата земја наскоро и покрај опасностите и трагедијата во неговиот роден град.
“I was expecting them to hug me back”: Heartbroken father mourns 9-month-old twins killed in Syrian chemical attack https://t.co/seZk5jCpmZ pic.twitter.com/KkevqCrr8G
— ABC News (@ABC) April 8, 2017