Три лица се здобиле со побреди во сообраќајна незгода која денеска се случила околу 14:30 часот кај надвозникот „Сателит“ во населбата Карпош на магистралниот пат Куманово – Свети Николе.
Меѓу повредените има и едно шестгодишно дете, а сите три лица се надвор од животна опасност. Еден од повредените има рана во пределот на главата која е сошиена, а има и повреди на градниот кош поради што е заржано на понатамошно лекување во болницата. Како што информираше дежурниот хирург во Општа болница Куманово, Драган Тасевски, на лекување е задржано и шестогидшното дете, а третото лице кое се здобило со контузија на градниот кош по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.
Несреќата се случила кога патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски таблички кое го управувал 50 годишниот С.Т од Куманово движејќи се од регионалниот кон магистралниот пат, претекнувајќи возило, изгубил контрола и удрил со предниот дел во „шкода“ со беровски регистраски таблички кое пак го управувал 37 годишниот Љ.Б.,кој се движел во спротивна насока, информираат од СВР Куманово.
Сообраќајот на патниот правец Куманово – Свети Николе беше во прекин неколку часа поради вршење на увидот, а возилата беа пренасочувани. Во меѓувреме според засега непотврдени информации од очевидци додека се пренасочувал сообраќајот, камион враќајки се во рикверц удрил во автомобил марка „Фиат Пунто“ при што го оштетил ветробранското стакло на возилото. Увид и на оваа незгода извршиле дежурни службеници од СВР Куманово.
фото: архива

