Двајца кумановци заработија кривични за злоупотреба на безвизен режим

Сподели со своите пријатели

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ш.Р.(50) и Б.Д.(36) двајцата од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот Договор“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 2015 година првопријавениот, во повеќе наврати контактирал телефонски со две лица при што ги “врбувал“ и истиот им ветувал дека ќе им организира транспорт и непречено минување на државната граница за нив и нивните две малолетни деца за сума од 350 евра од човек и истите ќе биле превезени до Карслуе- Република Германија, со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото на Европската Унија на прописите на Европската Унија, Шенгенскиот Договор и на меѓународното право.

За договореното биле запознаени и други две семејства (браќа) со три малолетни деца кои прифатиле да првопријавнениот им организира транспорт и непречено минување на државната граница за сума од 350 евра од човек.

Сите оштетени на сопствен трошок со такси отишле во Куманово, на автобуската станица во Куманово ги пречекал второпријавениот кој ги запознал дека е пратен од првопријавениот и истиот ги транспортирал до одредено место близу граничниот премин „Табановце“ од каде со трактор во затворена тракторска приколка, нелегално ја преминале државната граница.

На меѓуграничниот премин со Република Србија ги пречекал второпријавениот кој ги транспортирал се до градот Карслуе каде биле пречекани од пријавениот на кој му платиле 1.400 евра и по плаќањето првопријавениот им ги дал патните исправи кои претходно биле кај второпријавениот и им покажал каде е „Хајмцентарот“ каде можат да се пријават за добивање на нелегален азил.

Двете фамилии (браќа) во Република Чешка биле откриени од тамошните полициските службеници и истите биле депортирани авионски во Р.Македонија но на првопријавениот, едниот оштетен брат за неговата фамилија му платил половина од договорената сума односно 870 евра а додека неговиот брат не платил..