Работник почна да паѓа од конструкција, но тука се најде кунг-фу мајсторот (видео)

Сподели со своите пријатели

Кунг-фу мајсторот Ву Чијанг на еден градежник му го спасил животот, откако тој паднал од осум метри височина.

Како што пренесуваат медиумите, градежникот паднал од скелето во градот Тајчанг, а падот и тешките повреди ги спречил Чијанг кој го фатил пред да падне на асфалтот.

Работникот бил пренесен во болница на лечење, но се здобил со полесни телесни повреди, пренесува „Дејли мејл“.

Чијанг кој се занимава со кунг фу од својата седма година, ја предава таа вештина, а бил и каскадер на актерот Џет Ли.

Погледнете како тоа изгледало.

https://www.youtube.com/watch?v=kbqU5NNXjmw