Едно девојче било пронајдено како среќно седи опкружено со мајмуни во резерватот за диви животни Катарнигат во Индија, во близина на границата со Непал.
Осумгодишното девојче не знае да оди и зборува како луѓето и ја нарекле „Могли“, пренесува „Мирор“. Девојчето кое чекори коирстејќи ги и рацете и испушта чудни звуци за да комуницира било забележано како лута низ резерватот.
Полицискиот инспектор Суреш Јадав, бил во рутинска контрола кога го здогледал насмејаното девојче кое седи со мајмуни. Вели дека мајмуните започнале да скокаат на него кога се обидел да ја одвои од нив, но дека и таа го сторила истото.
Поради сличноста со книгата на Радјард Киплинг „Книта за џунглата“ во која се споменува ликот Могли одгледал од волкови, девојчето набрзо го добило тој прекар.
Таа е пронајдена пред два месеци, но полицијата и натаму се обидувала да дознае од каде дошла и колку време минала во дивината.
Се наоѓа во болница, а лекарите велат дека се уште се плаши од луѓе и дури дека е склона на напади на бес и насилство. Иако покажала напредок и научила да оди на нозе, таа продолжува да ги користи и рацете при движењето.
https://www.youtube.com/watch?v=H2kiToBV8bA
Loading...