ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски да почне да размислува како Димитријевиќ

Сподели со своите пријатели

По вчерашната оставка на директорот на Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, Горан Димитријевиќ, денеска реакција излезе и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои го повикаа градоначалникот Дамјановски да почне да размислува како Димитријевиќ. 

Во соопштението стои:

Почитувани граѓани, Од вистината не се бега и таа не се крие. Кој има мува на капа се виде од вчерашната оставка на поранешниот директор на Гимназијата Гоце Делчев, Горан Димитријевиќ. Тој во јавноста се обвинува за безобрани слики и видео на кои ги покажува своите гениталии. Со вакви дејствија од неговата страна, нарушен е угледот на Гимназијата, родителите, професорите и учениците. Беа запрепастени од нивниот прв човек во гимназијата, колега и професот. Тврдеше дека нема никаква поврзаност со настанот, но сепак вистината излезе на виделина, а вчерашната оставка е само јасна и цврста потврда за сето тоа. Кога Дамјановски и неговиот раководен тим во Куманово би се заангажирале повеќе околу институциите и надлежностите нема да се случуваат овие оставки и блокади на јавни претпријатија. Вашата канцелариска и кафанска политика излегува на виделина, прочитани сте, народот не ви ВЕРУВА. Почнете да размислувате како поранешниот директор и прифатете го поразот, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА КУМАНОВО, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ. Побаравме од надлежните институции случајот да го проверат целосно и ги охрабруваме во тој правец. Да не застанеме само на оставка. Доста ни е на сите да не водат некомпетентни луѓе и да уништуваат углед на имиња кои се бореле за оваа држава – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.