Францускиот амбасадор во посета на Општина Куманово и гимназијата (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоније денеска беше во работна посета на Општина Куманово, каде меѓу останатото се сретна и со првиот човек на градот, градоначалникот Зоран Дамјановски.

 

Loading...

 

Својата агенда, амбасадорот ја имаше збогатено со посета на Гимназијата „Гоце Делчев“ каде има и билингвална параплелка со настава и на француски јазик. На средбата со Дамјановски била анализирана состојбата на ниво на локална самоуправа во Република Македонија.

Улогата на претседателот во разрешување на кризата, улогата на меѓународната заедница, бидејќи едни од главните столбови на Европската унија се знае се Германија и Франција и нивното мислење и нивното влијание на активната политика во Македонија не е безначајно, напротив мислам дека е доминантно и дека нашите погледи треба да бидат вперени во Брисел, а ние пораките ќе ги добиеме преку амбасадорите. Така да денеска сум задоволен што амбасадорот даде пооптимистичка варијанта дека ќе оди поспоро, но сепак ќе има разрешница на овој гордиев чвор кој полека полека се закомплицира на политичката сцена, меѓутоа неговото искуство, перцепција е малку оптимистичко и мисли дека работите ќе се решат во наредниот период, не толку брзо, но се надеваме дека прогнозите ќе се остварат – изјави Дамјановски.

 

Амбасадорот Кристијан Тимоније вели дека средбата е во интерес на Куманово, а се разговарало за мултиетничноста на градот и соживотот и соработката.

Свесни сме дека дијалогот мора да продолжи и дека стабилноста треба да биде одржана сето тоа треба да оди во насока да се разреши оваа криза и јас сум оптимист дека тоа ќе се случи. Секако фунцкионирањето на власта на локално ниво е исто така многу важно и би сакал да повикам да се разреши оваа криза затоа што се работи за голема одговорност и би требало да се овозможи локалите власти да функционираат без проблем – изјави Тимоније.

 

Претходно амбасадорот на Франција оставарил средба и со претставници од општинските комитети на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.