РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Ќе треба да лежите 60 дена за плата од 16.000 евра

Сподели со своите пријатели

Францускиот институт за вселенска медицина и физиологија бара доброволци кои 60 дена би минале во кревет не работејќи ништо освен обавување на физиолошките потреби и за таа работа ќе бидат платени 16.000 евра.

Идеални кандидати за оваа работа треба да бидат физички подготвени мажи на возраст од 24 до 45 години кои не пушат, немаат алергии и имаат максимален индекс на телесна маса измеѓу 22 и 27.

Во студијата на францускиот инсистут за вселенска медицина и физиологија од Тулуз, која се занимава со ефектите на микрогравитацијата на телото на астронаутите, има место за 24 мажи. Од нив се очекува да јадат, пијат, да се капат и да обавуваат физиолошки потреби во креветот.

Правилото е дека секој момент најмалку едно рамо мора да биде во контакт со креветот или рамката – вели координаторот на експериментот др. Арно Бек и додава дека идејата на студијата е да репродуцира бестежинска состојба на Меѓународната вселенска станица.

Пред да започне двозомесечното зилегување кандидатите две недели ќе поминат на интензивни физиолошки тестови и мењења.

Потоа ќе следуваат 60 дена во кои ќе мора да останат во креветот со главата спуштена за околу шест степени – рекол Бек.

По завршување на експериментот, учесниците уште две недели ќе поминат во инситутот на програма за оздравување, пти што повторно ќе имаат серија тестови со кои научниците ќе се обидат да ги согледаат негативните ефекти на продолжената бетежинска состојба на човековото тело.

Во одредени услови кардиоваскуларниот систем е погоден и не е во состојба да направи ист напор како и пред експериментот. Гледаме дури и тенденција на пад на притисокот и вртоглавици – вели Бек.

Тој додава дека, како и астронаутите во вселената и учесниците во експериментот ќе патат од губиток на мускулите во долниот дел од телото, опаѓање на густината на косата и потешкотии во дишењето, што е негативната страна на оваа работа од соништата.

 

Loading...