Поднесена кривична за тинејџерите кои го симнаа македонското знаме во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.К.(21) и 17 годишно лице, двајцата од с.Слупчане, и две непознати лица, за сторени кривични дела ,,предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпилевост” и ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Настанот се случил на 31.03.2017 година, на плоштадот во Куманово, каде пријавените лица се обиделе да го симнат Државното знаме на Република Македонија, и на исто место да го постават Државното знаме на Република Албанија.